a10 Причини зошто
  aда го изберете
  aAutomanager
 
 
 
 
   
 

Комплетна интеграција на сите модули
Automanager комплетно ги интегрира сите модули (продажба на возила, продажба на делови, сервис, фактурирање, финансово...), а со тоа и сите ваши оддели. Податокот внесен во било кој модул (или документ) е комплетно достапен на другите модули, нема потреба од пре-внесување на податоци.
Документите што произлегуваат од претходните документи автоматски се генерираат, така да на корисникот му останува само да го доврши или измени документот, а не да го внесува од почеток.

Real – time пристап до информациите
Ние Ви нудимe online real-time пристап до информациите, што голем број карактерно базирани апликации не го нудат. Сите трансакции исто така се извршуваат во реално време, нема batch-обработки од типот крај на денот, крај на месецот, крај на годината.
Сите податоци се пристапни на сите модули, веднаш откако се внесени.

Automanager е 100% Windows-базиран
Automanager е вистински  Windows-базиран систем, спротивно од старите текст (DOS) базирани системи и со тоа ги нуди сите предности што ги содржи Windows OS. Automanager нуди интеграција со другите Windows алатки (како Word, Excel...), вклучувајќи Screen Preview, повеќе прозори (програми) отворени во исто време, Copy-Paste и многу други.
Инвестирањето во Automanager значи инвестирање во модерна технологија што ќе се користи и во многу наредни години.

Експорт во Word, Excel, PDF формати
Automanager содржи разновидни и многу извештаи, од кои секој може да се печати, прегледа или да се префрли во друг формат Word, Excel, PDF, Snapshoot… Со тоа корисниците можат да ги прилагодат своите репорти во тек на работа, да ги пратат по e-mail, да ги сочуваат во електронска форма...

Извештаи за менаџментот
Automanager како интегриран систем нуди пристап, во реално време, до стратешките информации на фирмата (за што се изработени посебни извештаи).
За неколку секунди, со наједноставен клик во менито на програмата, може да се дојде до извештаи за трошоци во фирмата, приходи, добивка (по оддели, групи...), доспеани побарувања и многу други.

Можност за автоматско книжење на документите
Бидејки податоците од сите модули се пресликуваат во модулот за Финансово книговодство, од голема помош е можноста сите документи од другите модули, место да се внесуваат рачно, автоматски да се префрлаат во налозите за книжење. Секако дека и понатаму одговорниот за книговодство може да ги прегледа и измени, меѓутоа се ослободува од макотрпната работа на книжење на документи, а секако се избегнуваат грешките во книжењата што произлегуваат од погрешен рачен внес.
Ослободени од мануелно книжење, книговодителите поаналитички ги дефинираат книжењата на документите, со тоа формираат база на податоци која нуди многу повеќе информации за менаџментот и вкупната работа на фирмата.

Кориснички ориентирана филозофија на работа
Ние работиме со нашите корисници за да ги разбереме нивните потреби и желби. Фактички новите верзии на програмите се во основа базирани на сугестиите и препораките на корисниците (секако и на законските промени).
Automanager содржи проверен кориснички интерфејс, овозможувајки комформна и лесна работа со документите, како и ослободување на корисникот од внес на веќе внесени податоци, заштита на тековен внес на документ од испад на систем (корисникот продолжува да работи со делумно внесениот документи при повторен влез во програмата).

Неограничен број на корисници во мрежно опкружување
Automanager е дизајниран и развиен за работа во мрежно опкружување, за повеќекорисничка работа.
Корисниците можат да работаат во исти програми во исто време, на исти типови на документи. Системот обезбедува заштита при паралелен пристап на документите, со тоа што само еден може да го менува документот, а сите можат да го гледаат.

Automanager е специјално развиен за Автоиндустријата
Automanager е специјално развиен за автоиндустријата, а не прилагоден програм од Материјално/Магацинско/Финансово работење. Со тоа добивате систем кој најмногу одговара на Вашите потреби, во кој секој составен дел е директно употреблив во вашиот бизнис.
Текот на дејствијата во Automanager следат од реалните дејствија во куќите што се занимаваат со продажба и сервис на автомобили и автоделови, така најголем дел од вашата секојдневна работа ќе биде автоматизиран.

Моќна база на податоци
Automanager како база на податоци користи Microsoft SQL Server (или MSDE – бесплатна верзија на Microsoft SQL Server - до 15 корисника), кој нуди најдобар однос цена/квалитет кај современите системи за управување со бази на податоци.
Во ситемите како Automanager, базата на податоци е срцето на апликацијата и слабите перфоманси не се опција.
Нашиот тим , со долгогодишно искуство во инсталација и одржување на Microsoft SQL Server, ќе понуди сигурна и стабилна работа на Вашиот систем.

 
 
  Koming Computer Engineering © 2007   + 389 2 311 41 48   а info@koming.com.mk